Во Русија 5.635 новозаразени, дневната стапка под еден процент

Во Русија се потврдени 5.635 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Вкупниот број на заразени лица се искачи на 818.120, објави работната група за борба против епидемијата.

Според официјалните податоци, дневната стапка на раст на бројот на новозаразени во последните шест дена не надминувала 0,7 проценти, пренесува ТАСС.

Уште 85 лица починаа, така што вкупниот број на смртни случаи во таа земја сега е 13.354.

Треба да знаете
Последни објави