Шкупи ја пречекува Шкендија во дербито на стартот на новата сезона во ПМФЛ

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува на 9. август со дерби во Чаир, каде  Шкупи ќе ја пречека Шкендија. Вака одлучи денешната полудиригирана ждрепка во ФФМ за извлекување на натпреаврувачките броеви според кои ќе биде составен натпреварувачкиот календар за сезоната 2020/21 година.

Според извлечените натпреварувачки броеви во првото коло се среќаваат:

Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум

Во новата сезона поради прекинатото првенство по пандемијата со коронавирус, ФФМ лигата да ја прошири на 12 екипи, наместо минатосезонските 10. Нови прволигаши се повратниците во елитното натпреварување Беласица и Пелистер.

Во оваа сезона неизвесно е сеуште дали и со каков тим ќе стартува најтрофејниот македонски клуб Вардар кој иако во прекинатата сезона беше прогласен за шампион поради финасиската криза не доби евро-лиценца за настап во квалифиакциите од Лигата на шампионите каде ќе си заработеше околу еден милион евра, пари за да функционира на домашната сцена.

Еве го комплетниот распоред за есенскиот дел од сезоната:

Треба да знаете
Последни објави