Кијану Ривс на виртуелна дискусија за филмот „Константин“

Во текот на виртуелна панел-дискусија, холивудскиот актер Кијану Ривс откри дека никогаш не помислувал да стане русокос или да го смени акцентот во британски за насловната улога Константин во истоимениот филм од 2005 година.

55-годишниот актер учествуваше во онлајн дискусија со режисерот Френсис Лоренс и продуцентот Акива Голдсмен за да ја обележат 15-годишнината од филмот „Costantine“ како дел од ComicCon @ Home.

Модераторот на панелот и главен и одговорен уредник на „Колидер“ Стивен Вајнтрауб во видеото објавено во саботата го праша Кијану дали станало збор за промена на бојата на косата и акцентот за да одговара на ликот oд стрипот Џон Константин, создаден од Алан Мур.

 

„Не“ кратко одговори Кијану, одмавнувајќи со главата и смеејќи се.

Треба да знаете
Последни објави