По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија, дознава „СДК.мк“.
Одземена е документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма „Дуна“, која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.
-Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка, рече Рускоска за вестите на „Сител“.
МВР минатата недела соопшти дека уште истражува од кои ИП адреси бил извршен хакерскиот напад врз страницата на ДИК, но и дека не биле утврдени безбедносни пропусти кај „Дуна“.