Четири нови случаи позитивни на коронавирус во Кавадарци

Четири нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Кавадарци, на возраст од 16 до 31 година. Станува збор за две лица од женски и две од машки пол, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Двајца од нив имале контакт со заболени. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.

Треба да знаете
Последни објави