Користењето на логото на Министерството за култура не е тенденциозно, туку напротив со намера за објективно информирање, со оглед на тоа што документот што се цитира е од оваа институција, истиот документ е издаден на меморандум и со лого на Министерството за Култура, реагираат од Агенцијата за филм на соопштението на министерството.
-Нивното соопштение околу логото не го менува фактот и не смее да ја потисне суштината, а тоа е: информацијата дека “Во Агенцијата за филм е утврдено дека нема конфликт на интереси по извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура”. Ви благодариме за вашето внимание и се надеваме дека конечно во јавноста ќе одекне вистината која се базира на документ, односно доказ, за правилно информирање на јавноста за работата на Агенцијата за филм, велат од Агенцијата.