ОН: Северна Кореја злоставувала жени вратени од странство

Десетици жени од Северна Кореја, кои биле присилени да бараат работа во странство, откако се присилно вратени во својата земја, се злоупотребени од претставници на севернокорејските власти, се вели во извештајот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Тие биле подложени на тепање и агресивен претрес  и биле задржани во нехигиенски услови, за кое време претрпеле последици како резултат на неухранетост, се наведува во извештајот.

Членови на севернокорејската полиција и државните безбедносни служби извршиле „повеќекратно и сериозно кршење на човековите права” против нив, се вели во извештајот, врз основа на изјавите на стотици жени од Северна Кореја, кои биле приведени во Северна Кореја помеѓу 2009 и 2019 година, по присилно враќање во таа држава.

Станува збор за жени кои по притворот избегале од Северна Кореја, а подоцна разговарале за своите искуства со претставниците на ОН, надлежни за заштита на човековите права.

Според сведочењата на тие жени, многу од нив, очајно обидувајќи се да најдат работа во други земји, паднале во рацете на трговците со луѓе и се соочиле со присилна работа или сексуална експлоатација во странство.

По враќањето во Северна Кореја, тие биле третирани како предавници или казнети за контакт со христијански групи во странство.

Треба да знаете
Последни објави