Дваесет крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција во Кавадарци, која се одржа во просториите на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”, реализирана од кавадаречкиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
-Годишниот план за крводарувања ни е 1184 крвни единици. За шест месеци имавме 1040, а сега 1100 крводарувања. Крводарителите од Кавадарци се големи хуманисти, а кавадаречка и росоманска општина се меѓу најхуманите во државата. Минатата 2019 година ја завршивме со 2100 крводарувања, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.