73-годишниот актер запаметен по улогите на Рамбо и Роки, неодамна прослави 23 години годишнина од брак со сопругата Џенифер. Двојката првично се запознала во 1988 година и започнале врска која завршила во 1994 година, кога актерот имал врска со манекенката Џенис Дикинсон.
Тој се помири со Џенифер во 1995 година и ја добија ќерката Софија во 1996 година, па се венчаа на граѓанска церемонија во хотелот „Дорчестер“ во Лондон на 17.05.1997 година.
Заедно, актерот и поранешната манекенка имаат уште две ќерки Систин, 1998 година и Скарлет, 2002 година.
Софија, Систин и Скарлет
По 40 години филмска кариера, легендари улоги и заработка од повеќе од две милијарди долари на благајните во кината, нема никаков сомнеж дека Силвестер Сталоне е холивудска легенда и дека веќе со децинии медиумите пишуваат за секој негов потег. Меѓутоа, постои и нешто што обожавателите не го знаат за него.
Сталоне се родил намуртен. Имено, на 6 јули 1946 година во една њујоршка болница, докторите имале полни раце работа да ја породат неговата мајка. Морале да користат акушерски клешти.
Мајкл Силвестер Гарденцио Сталоне, син на италијанскиот имигрант, се родил со врескање, кое ги оштетило неколку од неговите фацијални нерви на очните капаци и усни. Затоа секогаш изгледа како да набљудува со потсмев…
Преземено од Хаштаг