Над 17 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Вкупниот број заразени со коронавирус во светот надмина 17 милиони.

Според порталот за статистика „Ворлдометерс“, 666.173 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирус.

Повеќе од десет милиони луѓе оздравеле, а во моментот има нешто повеќе од 5,8 милиони активни случаи.

Најголем број заболени имаат САД – 4,5 милиони, а потоа следуваат Бразил со речиси 2,5 милиона случаи на инфекција и Индија со 1,5.

Следуваат земји каде што бројот на регистрирани случаи е помал од милион: Русија, Јужна Африка, Мексико, Перу…

Најголем број заразени починале во САД (152.902), потоа во Бразил (88.792), Велика Британија (45.961), Мексико (44.876) и Италија (35.129).

Треба да знаете
Последни објави