Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е во кома, после тешката сообраќајна несреќа

Хрватскиот музичар Рајко Дујмиќ (65) се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа кога слетал од патот и испаднал од автомобил, потврди полицијата од Риека.

Според најновите информации, Дујмиќ е во болницата во Сушак, во одделот за интензивна нега и тој е во стабилна состојба, јавуваат хрватските медиуми.

Неговата сопруга го видела Дујмиќ во болницата, тој имал сериозни повреди на главата, тоа е сè што знам, изјави извор за хрватските медиуми.

Несреќата се случила вчера попладне во Равна Гора.

Рајко Дујмиќ во јавноста е познат како лидер на популарната поп група „Нови фосили“, за која напиша многу познати хитови.

Треба да знаете
Последни објави