Епидемиологот од кризниот штаб на Србија, Предраг Кон кој во екот на целата пандемија со коронавирусот апелира до своите сограѓани да не патуваат надвор од земјата, постојано е бомбардиран од прашања поврзани дали да се замине на годишен одмор, на море, езеро, планина. Се интересираат негови роднини, пријалели, познаници, заинтересирани граѓани кои не се откажуваат од заминувањето и ова лето на море во време кога во целиот свет беснее пандемијата со коронавирусот.
-Ако веќе сте се одлучиле и морате да одите надвор од земјата тога тоа правете го со својот автомобил. Тоа патување може да се рече дека е во ред. На дестинацијата каде ќе претстојувате мора да се однесувата како дома, да држите физичка дистанца, да носите маски – е одговорот на Кон за оние кои сепак не се откажуваат од годишниот одмор.
Но, доколку треба да се патува со автобус, Кон вели дека тоа е друга приказна и затоа српскиот епидемиолог за тоа патување има свој став како и плажите на кои има многу народ и не може да се држи потребната физичка дистанца, а за време на капењето неможе да се носи заштитната маска, па во опасност се доведуваат самите луѓе и нивните најблиски со кои тргнале на годишен одмор, бидејќи ширењето на вирусот е насекаде активен.