Човиќ: Ако Србија потпише било каков обврзувачки договор тоа ќе значи признавање на Косово

Ако Србија потпише каков било обврзувачки договор, де факто ќе го признае Косово, изјави поранешниот потпретседател на српската влада Небојша Човиќ и додава:

-Доколку делегацијата на ЕУ ѝ врачи ултиматум на Србија, односно нацрт на сеопфатен договор кој фактички би претставувал признавање на Косово, ќе биде тоа уште еден „итар начин повторно да се измами Србија“.

Вечерње новости објавија, повикувајќи се на дипломатски извори, дека на делегацијата на Белград која денеска патува на разговори со Мирослав Лајчак и претставниците на Приштина во Брисел ќе ѝ биде врачен нацрт на сеопфатен договор, кој подразбира и признавање на Косово од срана на Србија.

-Ако преговарачите на ЕУ мислат дека сите отврени прашања ќе се затворат со фиктивен договор за нивно решавање, тогаш Европската Унија не е непристрасен посредник туку директно ги застапува интересите исклучиво на една – албанската страна, вели Човиќ.

Треба да знаете
Последни објави