Поддршка за здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и  директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски денеска потпишаа договор за донација,  во насока на зајакнување на соработката преку директна поддршка на здравствениот систем, а со цел подигнување на квалитетот на здравствените услуги во нашата држава.

Донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање на системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа Поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување на квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

Финансиските средства обезбедени од кинеската амбасада, во  висина од еден милион и шестотини илјади денари, се наменети за опремување на РТГ Кабинет и реконструкција на покривот на поликлиниката Шуто Оризари, која што е во состав на Здравствен Дом Скопје.

Соработката се официјализираше преку меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Јавната здравствена установа Здравствен Дом Скопје.

Треба да знаете
Последни објави