Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил упати честитка до граѓаните припадници на исламската вероисповед по повод празникот Курбан бајрам.
– Честит Курбан бајрам на граѓаните од исламска вероисповед. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање. Празниците носат радости, но и во тек на празнувањето да не заборавиме задолжително да ги почитуваме мерките за заштита: заштитна маска, зачестена хигиена на рацете, одржување на физичка дистанца, напиша Филипче на фејсбук.
Тој порачува граѓаните да го чуваат своето здравје и здравјето на најблиските.