Борусија (Дортмунд) е заинтересирана за напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, кој треба да го замени Џејден Санчо, кој се очекува да си замине. Името на Англичанецот најмногу се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а тој се очекува ова лето да се пресели на „Олд Трафорд”. Депај, поранешен играч на „црвените ѓаволи”, сака да го напушти Лион, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.
Според „Билд” од Дортмунд се подготвени да понудат околу 40 милиони евра за правата на холандскиот напаѓач. 26-годишниот играч успеа да направи нова добра кампања со тимот на „децата”, иако беше прогонуван од повреди во поголемиот дел од сезоната. Тој има 18 натпревари во сите натпреварувања, во кои има постигнато 14 гола и забележа уште 2 асистенции. Од „Сигнал Идуна Парк”, исто така, се верува дека се заинтересирани за Жонатан Иконе од Лил.
Интересот на Јунајтед за Санчо продолжува да расте и се чини дека од „Олд Трафорд” ќе направат нова понуда за играчот. Сепак, неодамна се шпекулираше дека Борусија поставила рок на англискиот тим за трансферот. Германците сакаат сè да биде јасно до 10 август, кога тимот ќе отпатува во Швајцарија, каде ќе ги спроведе своите претсезонски подготовки.