Европската комисија соопшти дека дале условно одобрување на францускиот гигант „Алстом” да го купи канадскиот производител на возови „Бомбардие транспорт”.
– Ќе се појави посилен комбиниран ентитет„ Алстом” и „Бомбардие”, изјави комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер.
Потегот на Алстом е преземен по неуспехот од спојувањето со германски Сименс. Бомбардие Транспорт е железничка филијала на канадската група. Сумата што Алстом ќе ја плати за канадската фирма е 6,2 милијарди евра.