Австриските власти соопштија дека еден од вработените во Владата е позитивен на Ковид-19, но тој не работел непосредно со канцеларот Себастијан Курц.
Од Владата соопштија дека сите кои работеле со лицето позитивно на коронавирусот се негативни и дека нивната работа не е загрозена.
Курц редовно се тестира за Ковид-19, пренесуваат странските агенции.
Одговорот на Австрија на пандемијата се смета за релативно успешен, а неодамна, по растот на бројот на заболени беа заострени правилата за носење маска.
Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, во Австрија од почетокот на пандемијата починале 718 лица.