Филипче: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус.

„Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, додава Филипче.

Треба да знаете
Последни објави