Училишната година во Мексико ќе почне од дома

Училиштата во Мексико нема да бидат отворени за учениците кога ќе почне новата академска година на 24 август за да се заштити здравјето на учениците и наставниците затоа што во земјата се уште дневно има многу новозаразени, изјави денеска министерот за образование Естебан Моцезум.

Владата се договори со поголемите телевизии, меѓу кои и Телевиса и ТВ Ацтека, да започнат систем за домашно школување што ќе се емитува во целата држава, рече министерот за образование.

Во Мексико денеска се регистрирани 274 смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати се искачи на 47.746.

Бројот на заразени лица се зголеми за 4.853 на вкупно 439.046.

Треба да знаете
Последни објави