Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското езеро.
Како што информираа од полицијата, станува збор за 16 годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба „Претор“.
Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.
Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.