Еден од милениците на вардаровите навивачи, српскиот голман Страќиња Милиќ најави враќање на ракометот а не ја отфрли можноста да го облече голманскиот дрес на Вардар.
Популарниот Џамбо неславно си замина од Македонија после шест одиграни сезони за Вардар. Стрпскиот голман дојде во времето на Михајло Михајловски а замина од Вардар во времето на Сергеј Самсоненко. Иако по само три месеци од освојувањето на шампионсакта титула со Вардар си замина од Скопје, играњето во Вардар засекогаш ќе му остане во срцето.
Страхиња по напуштањето на ракометот се посвети на сосема различна професија, има бизнис лоциран во Белград и затоа враќањето на ракометот се одолговлечи. Милиќ во наредната сезона ќе игра во матичниот клуб Партизан што ќе значи враќање на ракометниот терен после две години пауза.
Во интервју за 24ракомет најави можно враќање во Вардар, клубот каде што го достигна врвот на кариерата.
„Сезонава сигурно ќе играм во Партизан. Тоа ми е потребно и за да се вратам во форма, но и поради бизнис обврските кои ги имам. Ако почувствувам глад, желба за докажување и за успех и бидам повикан од Вардар, од Михајло, од Столе, Тимур, било кој, или од тренерот Стевче, и ако почувствувам дека можам да помогнам секако дека ќе се вратам во Скопје. Имам преубави спомени од Скопје и децата ми се родени таму, имам и вистински пријатели…. Гајам големи емоции и љубов кон Скопје. Мојот одговор ќе биде ’да’ ако почувствувам желба и потреба да покажам дека сето она што се случи со мене и Вардар беше само случајност, лош сплет на околности. Семејниот бизнис ми е приоритет во моментов, а ако по година дена повторно имам желба и страст и добијам повик – да доаѓам!“