Организаторот на традиционалниот Струшки ракометен турнир ги одреди групите за овогодинешното издание. Со осум македонски екипи натпреварувањето ќе биде специфично, а за сите екипи турнирските дуели ќе бидат први во сезоната.
Ждрепката сакаше во иста група да се најдат Металург и Еурофам Пелистер, додека Вардар е апсолутен фаворит во другата група.
Група А:
Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Охрид, Бутел Скопје
Група Б:
Еурофарм Пелистер, Прилеп, Струга, Металург
Турнирот ќе се игра од 12 до 16 август, а неизвесно е дали ќе биде дозволено присуство на одреден број гледачи или ќе се игра само пред официјалните лица и без гледачи.
Распоредот на натпревари ќе биде дополнително одреден, а победниците на групите ќе играат во финалниот натпревар.