Актерката Деми Мур во еден подкаст се присетила на браковите во кои била и нагласила дека секогаш одново се менувала кога се заљубувала, само за да се “вклопи во туѓата слика”.
Таа, пренесуваат странските медиуми, нагласила дека тоа всушност не требало да го прави и дека човекот се чувствува најдобро дури откако ќе се заљуби во себеси онаков каков што е.
“Сите тие години толку се менував, секој пат одново и одново, за да се вклопам во сликата на она што мислев дека другите го посакуваат. Всушност постојано работиме на тоа да бидеме посакувани, но ги занемаруваме своите желби”, раскажала Мур…
Преземено од Курир