Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили.
Земјотресот се случил на длабочина од пет километри.
Градоначалникот на Путурга, каде што е епицентарот на земјотресот, за телевизијата Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјотресот предизвикал некои штети, но нема извештаи за евентуални жртви или повредени.
Турската дирекција за вонредни состојби соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени.