Апсења на демонстранти во Остин, Тексас, по убиството што се случи минататиот викенд 

За време на двете изминати ноќи протести во Остин, Тексас, беа уапсени 40 луѓе. Во градот веќе цела недела има напнатост по минатонеделното убиство на 28 годшниот Гарет Фостер, белец, застрелан на 25 јули за време на протестните акции на „Црните животи имаат важност”. 

Од одна страна демонстрантите протестираат против полициската бруталност и расизот, а од другата се членовите на екстремно десничарската група „Горди момчиња”. Многумина од двете групи доаѓаат вооружени со пиштоли и автоматско оружје. 

Мнозинство од апсењата биле извршени во центарот на градот покрај имроизирано спомен обележје во чест на Фостер. На задржаните им се предјавени разни обвиненија како блокирање на сообраќајот, попречување на извршување општествени задачи или напад на полицец. 

Правна фирма од Далас викендов излезе со докази за тоа кој е човекот што стрелаше во Фостер. Според нив, се работи за Даниел Пери, воено лице кое служи во базата Форт Худ. 

За Пери засега нема обвиненија, и полицијата од Остин не го именуваше како осомничен  во истрагата за убиството на Фостер. 

Адвокатот Клинт Броден кој ги брани интересите на Пери изјави дека неговиот клиент стрелал во Фостер додека се наоѓаал во својот автомобил а со цел самоодбрана, откако Фостер целел кон него со автоматско оружје.

Треба да знаете
Последни објави