Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на Фејсбук во врска со конститутивната седница на Собранието, која се одржува денеска, по парламентарните избори, кои беа спроведени на 15 јули.
-Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули, напиша Заев. Истакна дека пратениците на денешната седница се обврзуваат да градат независен и одговорен Парламент.
-Денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија, напиша Заев.