Суров перфекционист! Жељко Јоксимовиќ во долгови: Еве зошто

Од желба филмот да биде на врвно ниво познатиот пејач се задолжил, но не се грижи многу.

Снимање филм и серија за легендарниот Тома Здравковиќ трае една недела а во Ваљево, прв пат во улога на продуцент се нашол и Жељко Јоксимовиќ.

Популарниот пејач на сет угостил неколку новинарски екипи и во разговор открил дека е задоволен од работата на своите ТВ канали и од новата соработка со сопругата Јована.

Еве кој глумец го наговорил да тргне во авантура наречена “телевизија“.

-Мојот менаџер и кум Бане Обрадовиќ ја повлече иницијативата да се сними филм за Тома. Не сакавме да направиме само биографски филм, туку да дадеме осврт на едно време. Тома е феномен кој го обработуваме. Филмот се снима во Ваљево, не затоа што е мој роден град, туку екипата одлучи тоа да биде тука бидејќи тој најмногу потсетува на архитектурата во педесетите и раните шеесети години.Тешљар го задржал тој дух. Не ни беше тешко да ја направиме ни кафаната Радан, а ни Дом за млади – вели пејачот…

Преземено од Вечер

Треба да знаете
Последни објави