Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19.
Верификационата комисија, со која претседаваше пратеничката од редовите на СДСМ, Јагода Шахпаска го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија од спроведените предвремени избори, одржани на 15 јули 2020 година и му предложи на Собранието да ги верификува мандатите на 120 пратеници во новиот парламентарен состав.
На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија” на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.
Во пратеничките клупи во десеттиот парламенарен состав од редовите на коалицијата „Можеме” ќе седнат Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Моника Зајкова, Дарко Каевски, Горан Мисовски, Кастриот Реџепи, Марија Георгиевска, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Бастри Бајрами, Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, Сашко Николов, Маја Морачанин, Ненад Коциќ, Соња Михаиловска, Љупчо Балкоски, Марија Ангелова, Илија Николовски, Зоран Заев, Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Павле Трајанов, Коле Чаракчиев, Радмила Шекеринска-Јанковска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Таневски, Бети Рабаџиевска Наумовска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски, Жаклина Лазаревска, Биљал Касами, Фаница Николоска, Бејџан Иљас, Фадил Зендели.
Од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пратенички функции добија Гордана Сиљановска-Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Димовски, Љупчо Пренџов, Велика Стојкова-Серафимовска, Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоилковиќ, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски, Игор Јанушев, Иван Јорданов, Благица Ласовска, Иванка Василевска, Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, Никола Мицевски, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Александар Николоски, Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, Игор Дурловски, Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓорѓија Сајкоски, Лидија Петкоска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски.
Од редовите на ДУИ во новиот собраниски состав влегоа Изет Меџити, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Берат Ајдари, Мерита Колчи-Коџаџику,Талат Џафери, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Али Ахмети, Фљорин Бесими, Арта Билали-Зендели, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, Бајрам Кадрија.
Алијаса за Албанците и Алтернатива добија 12 мандати, а во пратеничките клупи ќе седнат Скендер Реџепи, Абдула Салиу, Африм Гаши, Елми Азири, Сафије Садики Шаини, Сурија Рашиди, Зиадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, Артина Ќазими.
Од редовите на Левица во собранискиот состав влегоа Димитар Апасиев и Борислав Крмов. ДПА во десеттиот собраниски состав има еден пратеник, лидерот Мендух Тачи.
Четириесет и три жени освоија мандати во овој пратенички состав, додека 77 пратеници се мажи.
Две од четирите точки поминаа на денешната конститутивна седница, а трета и четврта точка на оваа конститутивна седница се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, но по овие точки, според најавата на Џафери, ќе се расправа кога ќе се создадат услови за тоа.