Тајландската Влада одобри нацрт-закон за пристап до канабис

Владата на Тајланд денеска го прифати предлогот на Министерството за јавно здравство на здравстените работници, земјоделците и пациентите да им се овозможи одгледување, производство и извоз на канабис и неговите производи во медицински цели.

Со тоа ќе им се овозможи на пациентите кои имаат сертификат од лекар, на експертите по традиционална и применета медицина и на земјоделците да побрааат дозвола за производство, увоз, извоз, дистрибуција и поседување на канабис.

Нацрт-законот ќе биде испратен до Државниот совет за правно прецизирање, а потоа на гласање во Парламентот.

Треба да знаете
Последни објави