УЕФА донесе мала промена за завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, што може да значи многу за одредени клубови.
Како што е потврдено од Нион, жолтите картони се бришат по завршувањето на преостанатите четири натпревари од осминафиналето во најелитното европско натпреварување и другите натпревари од осминафинале од Лигата на Европа.
Ова значи дека ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид и Лајпциг, кои веќе стигнаа до четвртфиналето, се „исчистени” од картони.
Победничките екипи од преостанатите натпревари од осминафиналето (Барселона – Наполи, Челси – Баерн Минхен, Манчестер сити – Реал Мадрид и Јувентус – Лион), ќе пренесат само потенцијални суспензии, односно ако некој е на картон од суспензија и го заработи, нема да можат да играат во четвртфиналето .