Имено, општината на островот Родос побарала од неа да плати неверојатни 6.648.444 евра за прекршок за паркирање. Инцидентот пред неколку дена го објави локалниот весник Родиаки. Фактурата за уплата од неколку милиони евра на жената ѝ била врачена во јуни. Кога го отворила пликото и ја видела казната, за малку ќе се онесвестила. Следниот ден жената отишла во општината да ја плати казната. Таму на вработената ѝ го покажала писмото и рекла дека нема да може да плати со кредитна картичка, па би сакала да плати во готово. Ова била шега што се однесува на напомената дека сите казни над 100 евра мора да се платат со картичка. Вработената во банката останала запрепастена од сумата и веднаш ја убедила жената дека се работи за грешка, со што ѝ заштедила 6,6 милиони евра. Службениците не биле сигурни како сметката со огромниот број завршила во поштенското сандаче на жената, но таа сигурно здивнала откако дознала дека тоа била нечија непромисленост, а не вистинска казна.