”Очигледно” е дека на Халкидики Србите, како и останатиот дел од Балканскиот народ и не се баш толку посакувани туристи…
Еден Грк одлучил во некоја група на Фејсбук да напише што мисли за балканските туристи кои што ова лето речиси и не стапнале на тамошните плажи.
Ова е неговата објава:
„Оваа година нема Балканци на Кариди плажата. И ми се допаѓа тоа. Затоа што е почиста, нема кафе по подот, нема ѓубре, нема с*ања на мојот пат кога не можеш да го користиш тоалетот.
Не велам дека Грците се чисти, но се почисти од вас. Го пишувам ова затоа што знам дека многу луѓе ќе го прочитаат.
Зошто таков доаѓаш во моето село и ја покажуваш непочитта кон природата? Зошто? Зошто? Сега сум постар, и веќе го имам тоа што треба да го имам. Затоа за следната година бидете подготвени…“.
Луѓето веднаш почнале да му возвраќаат на овој човек со коментари на статусот кој што го напишал:
„Ти благодарам, ќе одиме во Шпанија“, „Нема Балканци, нема пари“, „Ѓубре фрлаат некултурни луѓе, не е важно од која националност си“, „Па, постојат и Египет, Турција, Албанија, Црна Гора, Италија, Хрватска…“ – се само дел од коментарите.