Според информациите на англиските медиуми, Вилијан е пред потпис со Арсенал.
Вилијан веќе им се доверил на своите пријатели дека нема намера да си замине од Лондон, но дека синиот ќе го замени со црвен дрес.Одлуката за останување на Вилијан е и поради неговото семејство, кое веќе одлично се снаоѓа во животот во англиската престолнина, а шансата да игра под палката на Микел Артета, кој создава нов тим кај „топчиите“ му е посебно примамлив.
Бразилското крило не играше во финалето во ФА-Купот со Арсенал поради повреда, а ќе го прескокне и дуелот со Баерн Минхен во ЛШ неделава и практично со тоа би требало да ја заврши седумгодишната авантура во Челси.