Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 58 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи порасна на 633. Меѓу нив 111 се на болничко лекување, од кои седум се на респиратор.
Во последните 24 часа нема починати пациенти од Ковид-19.
Како што јавија хрватските медиуми, повеќе од 2.300 луѓе се во самоизолација.
Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај во Хрватска, досега се регистрирани 5.376 случаи, од кои 154 починале, а 4.589 оздравеле.
До денеска се тестирани 124.383 лица, од кои 1.167 во последните 24 часа.