Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека без разлика кој ќе биде исходот од преговорите за состав на идната влада, првиот чекор што ќе го покренат во Собранието ќе биде носење на закон за испитување на потеклото на имотот на политичари и на функционери.
-Да, без оглед на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи како владејачка партија или партија која што ќе биде опозиција во парламентот, првиот чекор го размислувавме и се уште стоиме на ставот и тоа ќе биде чекорот кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе во парламентот а тоа е да предложи закон за испитување на потеклото на имот на сите оние лица кои што се бават со политика и во минатото извршувале високи политички функции, нивниот имот и потекло на имотот на нивните семејства, тоа го зборувавме и за време на изборната кампања, вчера го слушнавме и од господинот Зоран Заев дека тоа ќе го подржи, така што очекуваме голема поддршка во рамките на парламентот од другите парламентарни партии, рече Мицкоски.