Наоми Кембел, Селма Хејк, Аријана Гранде први меѓу славните упатија порака со сочувство до семејствата на загинатите во експлозијата во Бејрут

Во вторникот, Наоми Кембел, една од најпознатите светски супермодели, реагираше на веста за разорната експлозија во Бејрут, Либан, споделувајќи фотографија од модна снимка направена во градот.

Покрај фотографијата, британската убавица (50) напиша: „Моите мисли, молитви и љубов се со луѓето во Либан и нивните семејства,“ и додаде емотикон скршено срце.

Актерката Селма Хејк исто така се појави на Инстаграм за да испрати сочувство по разорната експлозија во која загинаа најмалку 78 луѓе и 4.000 се повредени.

Таа објави фотографија од експлозијата што се случи на пристаништето во Бејрут и сподели: „Денес две експлозии го уништија главниот град на веќе повредениот Либан.

„Моето срце е скршено, сучувство за сите луѓе што ги загубија најблиските и кои се наоѓаат во погодените области на мојот сакан Бејрут“, напиша Хејк.

Пејачката Арјана Гранде (27) објави на својот Инстаграм дека донира во добротворната организација „Импакт Либан“ и ги повика своите следачи на социјланите мрежи да го сторат истото, доколку се во можност.

„Моето срце искрено жали, сочувство до сите кои ги изгубија своите блиски во оваа трагедија,“ напиша таа.

Треба да знаете
Последни објави