Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 18.827.433 лица. Од нив починале 707.039, а оздравеле 12.007.678 лица.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти за 15 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.195 лица.
– Во Црна Гора беа потврдени уште 50 случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а починаа четири лица, што е најголем број смртни случаи за еден ден. Од почетокот на епидемијата во Црна Гора, регистрирани се вкупно 3.411 заразени, додека починале 57 лица, од кои 48 починале во периодот од почетокот на јуни до денеска. Најмногу заразени има во Подгорица.
– Бројот на случаи на инфекција со новиот коронавирус во Италија е зголемен за 384 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Тоа е речиси максимум дневен раст на заразените од 5 јуни, повеќе нови инфекции – 386 – се регистрирани само на 30 јули. Десет лица со потврдена инфекција со коронавирус починаа во изминатиот ден, а вкупниот број на смртни случаи достигна 35.118. …764 заразени остануваат во болниците од кои 41 се на интензивна нега.
– Во Чешка се регистрирани 290 нови случаи, што е најголем дневен скок кај нови случаи на коронавирус од крајот на јуни. Податоците од Министерството за здравство за последните 24 часа покажуваат дека вкупниот број заразени е 17.288. Од тој број, 383 пациенти починале.
– Во последните 24 часа, осми ден по ред, во Индија се пријавени над 50.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени лица во таа земја надмина 1,9 милиони. Министерството за здравство денеска пријави 52.509 нови случаи и 857 смртни случаи.
– Во последните 24 часа се потврдени 741 нови случаи на коронавирус и 12 смртни случаи во Германија, објави Институтот „Роберт Кох”. Бројот на заразени во таа земја се зголеми на 212.022, а вкупно има 9.168 смртни случаи.
– Во Бразил се регистрирани 51.603 нови случаи на коронавирус и 1.154 смртни случаи поврзани со вирусот, соопшти бразилското Министерство за здравство. Во Бразил се регистрирани повеќе од 2,8 милиони луѓе заразени од почетокот на пандемијата додека, според министерството, 95.819 лица починале како резултат на вирусот.
– Во последните 24 часа потврдени се 6.148 нови случаи на коронавирус и 857 смртни случаи во Мексико, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број заразени лица во таа земја се зголеми на 449.961, а вкупно починаа 48.869 лица. Министерството соопшти дека досега биле тестирани повеќе од милион луѓе.
– Рекордни 1.271 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Украина во последните 24 часа, објави Државниот совет за безбедност. Бројот на новозаразени лица нагло скокна во последните два месеца по постепеното укинување на ограничувањата на крајот на мај. Од почетокот на пандемијата, заразени се 75.490 луѓе, а 1.788 починати.
– Во последните 24 часа во Кина се потврдени 27 нови случаи на коронавирус, од кои 22 се од регионот Сикијанг, населени со муслиманскиот народ Ујгури. Мерките преземени во главниот град на регионот, Урумки, епицентарот на новиот бран епидемии во Кина, почнаа да даваат резултати, а бројот на новозаразените почна значително да се намалува во последните неколку дена. Во тој град, некои заедници се ставени во карантин, а бројот на патници во јавниот превоз е ограничен. Во Кина, потврдени се 84.491 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата, а починале 4.634 лица.
– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Африка достигна 978.481 откако во изминатите 48 часа се регистрирани 20.576 нови случаи, додека има 21.098 смртни сллучаи, од кои 794 смртни случаи во изминатите два дена, соопшти денеска африканскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО). Јужна Африка регистрира најголем број заразени 521.318 и најголем број смртни случаи 8.884. Следува Египет со 4.912 смртни случаи и 94.752 заразени, а Алжир со 1.248 починати. Во Нигерија има 44.322 заразени и 910 починати, следува Гана со 37.812 заразени и 191 смртен случај.