Подготвен сум да заминам во секое време. И заради мене не сакам да има тензии на кој било начин. Јас не сум Радев да се радувам кога луѓето се тепаат на улиците и ги затвораат раскрсниците, изјави Бојко Борисов, бугарскиот премиер против кого веќе скоро еден месец катадневно луѓето во повеќе градови низ земјата почнаа да излегувата на улиците и да го искажуваат своето незадоволство.
-Ако сме толку силни и обединети, што е проблемот да има привремена влада. Ќе предложам опции, вклучително и јас да ја напуштам владата, вели Борисов.
Во Бугарија цел месец се одржуваат антивладини протести на кои демонстрантите бараат оставка од Владата и од главниот обвинител Иван Гешев, како и распуштање на парламентот, поради, како што велат, не се справиле со корупцијата во државата.
Како што пренесе БГНЕС, Борисов рекол дека сака да разговара со неговите колеги и пријатели за сè што направиле.
-Не сакам државата да биде поделена. Никогаш не сме правеле коалиција со Движењето за права и слобода (ДПС) и никогаш нема да правиме. Нема да дозволам таква коалиција, изјавил Борисов.