Шпанскиот претставник Севилја обезбеди пласман на завршниот турнир во фудбалската Лига Европа, откако на неутрален терен во Дуизбург ја совлада италјанската Рома со 2:0. Тимот предводен од тренерот Лопетеги постигна два погодоци а имаше прилики за уште двапати да ја затресе мрежата на гостите од Рим и триумфот да го направи поубедлив.
На вториот натпревар кој се играше во терминот од 18:55 часот, Баер Леверкузен на домашен терен го победи Ренџерс со 1:0, а беше подобар и на гостувањето 3:1 и се пласира во четвртфиналето.