Заложничката драма што се случи во банката БРЕД во Ле Авр- Нормандија заврши без повредени и со апсење на осомниченото лице за нападот, јави дописникот на МИА:
Заложничката драма траеше скоро 6 часа. Имено едно вооружено лице влезе во банката, која се наоѓа во центарот на Л’Авр и зеде како заложници шест лица. Пет лица беа ослободени, а едно успеа да избега. Нема повредени. Грабнувачот конечно бил уапсен околу 22:50 часот. Немаше престрелка и никој не е повреден.
-Заложниците се ослободени безбедни и звучни, здрави, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан.
Напаѓачот бил „сам”и „вооружен”, според полицијата, тој влегол во 16:45 часот во оваа филијала на БРЕД во центарот на Ле Авр, во кој имало шест лица. Прво лице, жена, беше ослободено набрзо, а потоаедна друга жена пред пристигнувањето на специјалната полиција, нешто по 19 часот. Тие пристигнаа на лице место со хеликоптер и останале во контакт со напаѓачот за подобро да ги разберат неговите барања.
Осомничениот имал две барања, кој тој директно им ги пренел на медиумите: „ослободете ги палестинските деца неправедно затворени во Израел” и пристапот на Палестинците под 40 години до еспланадата на џамијата Ал -Акса во Ерусалим.
Преговорите водени од специјалната полиција резултираа со ослободување на последните заложници во текот на вечерта. За време на целата операција центарот на Ле Авр, чиј градоначалник е досегашниот премиер Едуар Филип беше ставен под силна полициска контрола, со оглед дека во непосредна близина е префектурата. Меѓу заложниците имало вработени и клиенти од банката.
Според нашите информации, човекот е познат на локално ниво од разузнавачките служби како радикализиран. Ова 34-годишно лице има психијатриски проблеми, изјави извор близок до истрагата. Тој исто така и е познат на полицијата поради киднапирање, насилно затворање и носење оружје.
-Засега немам фактички елементи што ќе ви ги дадам, освен тоа дека станува збор за некој кој беше познат, а особено со прилично тешко психијатриско минато, потврди јавниот обвинител на Република за Ле Авр, Франсоа Госелин.
-Ќ видиме кои биле неговите извори и неговите мотиви. Но, неколку минути по неговото апсење, не можам да ви дадам детални информации, додаде обвинителот, прецизирајќи дека е отворена истрага за „флагрантно злосторство за обид за вооружен грабеж и присилно затворање “.
-Лицето им е познато на службите на Министерството за внатрешни работи, правда и здравство за дела на деликвенција и кривични дела, што би ги опишал како сериозни, придружено со разни осуди. Тој беше исто така познат по психијатриско минато и за радикализација од префектурата Поморска Сена Сена и територијалната разузнувачка служба, која иследувала за него -изјави министерот Жералд Дарманин.