Едисон Кавани е подготвен да ја продолжи кариерата во Јужна Америка. Според „Глобо Еспорте”, неговиот следен клуб би можел да биде Атлетико Минеиро. Нема понуди за 33-годишниот напаѓач, а има интерес за него и од Лидс, Бенфика и Интер Мајами.
Играчот го напушти Пари Сен Жермен, откако му истече договорот на крајот на јуни и е слободен агент. Според бразилското издание, Кавани со задоволство ќе се врати во Јужна Америка доколку неговите претставници постигнат договор со Атлетико.
Во меѓувреме, Уругваецот објави серија видеа на социјалните мрежи во кои демонстрираше како останува фит. Тие покажуваат дека тој е во одлична физичка состојба.