По користењето на годишниот одмор, сите здравствени работници во Грција, пред да се вратат на работа, задолжително ќе треба да направат молекуларен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, одлуката е на министерот за здравство Василис Кикиљас и испратена до сите здравствени установи во земјата, болници, здравствени центри и слично, а се однесува на лекарите, болничарите и останатиот персонал.