Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Пол Сколс го посочи играчот кој Јунајтед треба да го привлече.
Според него, на „црвените ѓаволи” им треба централен напаѓач и најсоодветен е стрелецот на Тотенхем, Хари Кејн. Сколс дури смета дека тој е подобра опција од Џејден Санчо.
– Не ме сфаќајте погрешно. Санчо е врвен играч. Тој може да го подигне нивото на кој било клуб во светот. Неговата статистика покажува дека тој е топ-стрелец, тој може да постигне гол од која било позиција. Ние (Јунајтед) имаме три напаѓачи кои се многу слични на Санчо. Можеби ја немаат неговата класа, но имаат голем потенцијал. Хари Кејн ќе биде многу поважен во оваа фаза. На Јунајтед му треба само ваков централен напаѓач – вистинска „деветтка” и стрелец. Кејн би бил повеќе од тоа, изјави легендата за БТ Спорт.