Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски вели дека поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром, Ивица Коневски треба да ја докаже клеветата за која го тужи.
-Пренесете му на “комшијата” Ивица Конески, чиј што демократски капацитет е блокирање на фб, дека е редно да остави коментирање. Којзнае колку деца му ангажирале да му “кречат коментари” .
А тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата.
Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А заради тој успех загуби со 4.000 гласа! Полека “Комшија”, има уште!
На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало? И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски.
П.С. “Комшија” се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него, пишува Стоилковски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10158319812105499