Евзони ќе биде отворен за влез во Грција само од 6 до 22 часот

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила.

За излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота).

 

Треба да знаете
Последни објави