Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија.
Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК Битола работи само со еден блок?
Зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба?
Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања?
Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари?
Зошто на крајот од бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25% кога беа до пред некој месец енергетски шампиони?
Ова се вистинските одговори што јавноста ги бара од нив.
Очигледно дека матните зделки, неспособноста и недомаќинското работење на енергетските власти сега сакаат да го покриваат со повисоки сметки за струја и со тоа директно да влијаат на стандардот на граѓаните.