Фудбалската асоцијација на Англија ќе ги дисквалификува играчите од шест до 12 натпревари за расизам и дискриминација, напиша на Твитер, Роб Харис, новинар на „АП”.
Новата сезона на англиската Премиер лига започнува на 12 септември.
Претходно, Фудбалската асоцијација на Англија им даде препорака на судиите да ги отстранат играчите кои намерно кашлаат кон противници или службени лица на натпревар.