МВР денеска информираше дека почнало со истражни активности за дивоградбата кај ТЦ Мавровка и дека за се што откриле е информирано обвинителството.
-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење” кое што се гони по службена должност по член 244-а од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“, соопштуваат од МВР.
Откако пропадна првиот јавен повик за да се јават фирми кои ќе рушата дивограби меѓу кои и објектот на непознатиот инвеститор во Мавровка, општина Чаир објави нов, втор по ред тендер за избор на фирма која ќе урива.