Вака попладнево изгледаше улицата 23 Октомври, поранешна Владимир Комаров во Аеродром кај новиот маркет на “Рамстор”.
Десетици кеси со смет наместо во контејнери завршиле покрај нив, откако несовесните граѓани не можеле да го стават внатре бидејќи станува збор за контејнери за пластика и стакло.
Да биде срамот уште поголем, контејнерите за смет се само неколку метри оддалечени.
Или тие што го фрлиле отпадот ги мрзело да отидат до контејнерите, или, пак, не знаеле како да ги отворат новите контејнери кои тука се поставени пред неколку дена.